Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение: Сите постапки за реализација на проектот со Ученички дом „Професор Мијалковиќ“ се спроведени согласно законските процедури, во изминатите 4 години значително се подобрени условите во образовните установи

Почитувани,
Во однос на прес-конференцијата од страна на СДСМ Куманово, а во врска со јавната установа Ученички дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, Општина Куманово го потенцира следново:

Во петок 01.04.2022 година поради невреме кое ја зафати територијата на Општина Куманово настана штета на јужната фасада на Ученичкиот Дом „Професор Мијалковиќ“.
По настанот, во понеделник 04.04.2022 од страна на ЈУ Ученички дом „Професор Мијалковиќ“ испратен е допис за настанато оштетување до Инвеститорот-Центар за развој на СИПР, а потоа е проследен до Надзорот – МБМ Архитеткти и Изведувачот СОЛАС-ЕКС ИМ – Скопје. Истиот ден извршен е увид од страна на Инвеститорот, Надзорот на објектот назначен од МБМ Архитекти – Скопје д.г.и Благој Кчев како и Изведувачот на фасадата на објектот СОЛАС – ЕКС ИМ -Скопје.
По извршениот увид направен е записник за настаната штета и истата согласно Гарантниот рок и Законот за градење ќе биде санирана од страна на Изведувачот.
Согласно законските прописи од страна на Инвеститорот-Центар за развој на СИПР испратен е допис на 04.04.2022 година до Хидрометеоролошкиот завод за доставување на извештај за силината на ветерот и количеството на дожд на територија на Општина Куманово за 04.04.2022, се со цел утврдување на метеоролошките услови и причините кои довеле до оштетување на самиот објект.

Стручниот Надзор е назначен и изведен согласно законските прописи и стандарди по Законот за градба, за кое постои Градежен дневник, Градежна книга и соодветна техничка документација. Сите постапки за реализација на проектот се спроведени согласно законските процедури. Јавната набавка за изведување на работи е спроведена преку Електронскиот систем за јавни набавки ЕСЈН со спроведување на е-аукција, каде што согласно законските постапки за најповолна е избрана понудата на Изведувачот Солас – Екс Им кој по завршена постапка има понудено најниска цена согласно тендерската документација.

Во изминатите четири години, Општина Куманово како никогаш досега ги подобри условите со реновирања на голем број на образовни институции и јавни установи, изгради голем број на нови спортски игралишта. Со домаќинско и транспарентно работење Општината врати долг од 11ипол милиони евра и ги унапреди комуналните услови за животот на сите кумановци.
Со почит,

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст