Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба за унапредување на средно стручно образование

Денеска во големата сала на зградата на поранешните општествено-политички организации се одржа средба за унапредување на средното стручно образование, организирана од Министерството за образование и наука на РСМ. На средбата покрај заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, присуствуваа и  претставници на Центар за стручно образование и обука, директори од општински средни стручни училишта, претставници на меѓународни организации, институции и приватни компании од градов, претставници од платформата за јавен приватен дијалог. Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, а беа споделени и информации, кои се во интерес на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да се креира квалификуван и стручен кадар, кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и ќе ја зголеми вработливоста на младите. Димитриевски нагласи дека системите за стручно образование треба да обезбедат висококвалитетен, инклузивен систем на образование, со цел да им обезбеди на поединците и на пазарот на труд пакет вештини, стремејќи се кон тоа стручното образование да стане поразновидно и релевантно образование. Беше презентирана анализата на податоци за соодветноста на постојните образовни профили кои ги нудат училиштата, како и потребата од нови профили, потребни на бизнис секторот.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст