Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба на Градоначалникот со велисипедистот Андреј Петровски

Денеска Градоначалникот Димитриевски оствари средба со велосипедистот Андреј Петровски кој зеде учество на Вторите Европски Олимписки игри кои се одржаа во Минск,Белорусија од 21-30 Јуни 2019. На средбата беше потенциран успехот на нашиот спортист кој се натпреваруваше во дисциплина-Друмско возење од 180 километри и освои 106 место и во дисциплина-Хронометар каде што постигна 28 место. Според овој успех очекувано е овој велосипедист, член на велосипедскиот клуб ,,Вело-М” да учествува и на Олимписките игри во Токио во 2020 година.  Со ова уште еднаш се потврдува највисокото спортско достигнување-Куманово Европски град на спорт за 2019 година.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст