Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Традиционална Бадникова поворка во Куманово

Седма година по ред Здружението Бадникови поворки во Куманово го одбележа денешниот празник Бадник. На неколку локации во градот беа поставени кутии за донации, од чии средствасе обезбедени основни потреби за Бадник, наменети за социјално загрозени семејства од нашиот град.  На градскиот плоштад беше поставена божиќна пештера со фреска на Богородица и Исус, а беа поделени бадникови колачиња и божиќни звезди на случајни минувачи. На крајот беа пуштени балони со натпис Христос се роди. На градскиот плоштад присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и претседателката на Советот на Општината Ѓорѓиевска.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст