Традиционално државно првенство во атлетика за средни и основни училишта
Денеска на атлетската патека во ОСТУ “Наце Буѓони”– Куманово се одржува 6-тото традиционално државно првенство во атлетика за средни и основни училишта, во организација на Федерација на училишен спорт на РСМ и Општински сојуз на училишен спорт-Куманово. Учествуваат над 450 ученици од Куманово и повеќе градови во државата. Од нашиот град учество ќе земат ученици од вкупно 10 основни и средни училишта. Првенството го отвори градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, кој ја истакна потребата одпочесто спортување и широка застапеност, како и зголемување на физичката активност, потенцирајќи дека Општината ќе продолжи да инвестира во развој на училишниот спорт, кој допринесува учениците да се развиваат во здрави личности и спортисти со светла перспектива.