Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Третман против крлежи на територија на општина Куманово

На 23.08. и 24.08.2021 година (понеделник и вторник), од 05.00 до 08.00 часот, на територијата на општина Куманово  ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот. Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините, како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.

Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст