Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Триесет и седма седница на Советот на Општина Куманово

На 22 јануари 2020 година (среда), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи триесет и седма седница на Советот на Општина Куманово.

 

 

Дневен ред

 

  • Усвојување на записниците од Триесет и четвртата и Првата вонредна седница на Советот на Општина Куманово

 

  1. Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
  2. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
  3. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2019 година;
  4. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2020 година;
  5. Предлог – Одлука за давање согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ – Куманово;
  6. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово;
  7. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово;
  8. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово;
  9. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Христијан Карпош“ – Куманово;
  10. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Карпош“ с. Умин Дол – Куманово;
  11. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на УОМО „Панче Пешев” – Куманово;
  12. Предлог – Одлука за давање согласност на Дополна на Годишен план за вработување во 2020 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
  13. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година;
  14. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2020 година;
  15. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 11, плански опфат помеѓу ул. „Доне Божинов“, крак на ул. „Доне Божинов“, граница на наменска зона, ул. „100“ и ул. „300“ – Општина Куманово;
  16. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.07.2019 – 30.09.2019 година;
  17. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.10.2019 – 31.12.2019 година;
  18. Извештај за работа на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за 2019 година;
  19. Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2020 година;
  20. Предлог – Програма за локален економски развој на Општина Куманово за 2020 година;
  21. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2020 година;
  22. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2020 година;
  23. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за давање на користење на недвижна ствар – сопственост на Општина Куманово на Министерство за информатичко општество и администрација;
  24. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;
  25. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за локален економски развој на Советот на Општина Куманово;
  26. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт