Утре бал на матурантие на градскиот плоштад
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Во организација на Општина Куманово, Советот на Општината, Фондација за култура и спорт и Сектор за образование, во петок (18.05.2018) на градскиот плоштад со почеток во 12:00 часот ќе се одржи матурски бал. На настанот кој се одржува во повеќе држави од Европа, истовремено ќе танцуваат над 300 матуранти од средните училишта од градот, со однапред подготвена кореографија. Општината е секогаш на страна на младите, а на овој начин младите стануват дел од едно европско семејство.