Функционална проценка според светскиот модел МКФ во ООУ “Вук Караџиќ”
Според Одлуката на Советот на Општина Куманово за петгодишно отстапување на простор во ООУ “Вук Караџиќ”-Куманово за потребите на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, денеска градоначалникот Димитриевски заедно со претставници од општинската администрација и раководителот на Службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, Горан Петрушев беа во посета на ова училиште.Целта на денешната посета е функционалната проценка на деца и млади според светски прифатениот модел МКФ – Меѓународна класификација на функционалноста, која се спроведува во училиштето. Моделот предвидува проценка врз основа на функционалноста на децата и младите, според тоа што можат тие да направат, а не според нивните ограничувања. МКФ комисијата е регионално стручно тело, кое ги опфаќа децата и учениците од сите општини во североисточниот регион.