“Цвет за секоја жена”
На градскиот плоштад пред споменикот на Батко Ѓорѓија, денеска симболично беше одбележан 8-ми Март, меѓународниот ден на жената, во организација на ООУ “Браќа Миладиновци” и ООУ “Бајрам Шабани” од нашиот град. Учениците на припадничките од понежниот пол кои минуваа низ плоштадот им подаруваа оригами, цветови изработени од украсна хартија во заедничките работилници. Празничната активност – “Цвет за секоја жена” е дел од меѓуетничката интеграција во образованието, повеќегодишен проект во кој се опфатени двете училишта. На осмомартовското дружење на градскиот плоштад присуствуваa градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општината.