Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Целовечерен концерт “Moonlight” на мецосопран Ивана Андоновска

Вечерва во Занаетчиски дом се одржа целовечерен концерт под наслов “Moonlight” на мецосопран, м-р по соло пеење Ивана Андоновска со клавирска придружба на пијанистот Марко Митковски, под покровителство на градоначалник и Совет на Општина Куманово. На концертот беа изведени најпознати арии за мецосопран од различни опери на: Offenbach, Gluck, Verdi, Donizetti, Massenet и др. автори. Целта на овој културен настан е да се афирмира изведувачкиот потенцијал во класичната музика и да се поттикне интересот за слушање на ваков вид музика. На концертот присуствуваа секретарот на Општина Куманово и членови на Совет на Општината.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст