Честит Велигден – здравје, мир, благосостојба и хармонија меѓу луѓето
Секој верски празник има за цел да не зближува, без оглед на религиозната припадност. Не потсетува да се радуваме на секоја светлина, која допира до нас. Традицијата на славењето на Велигден, нека и оваа година биде во духот на подадената рака, разбирањето и љубовта меѓу луѓето. Во домовите на сите граѓани на општина Куманово, нека завладее слога и хармонија, а деновите на празнување нека бидат исполнети со среќа и радост. Да бидеме сплотени и да дадеме свој придонес за посреќни семејства и уште понапредна општина.
Од мое лично име и од името на општина Куманово, упатувам честитка до сите православни верници, нека е среќен и вечен Велигден.
Христос Воскресна!