Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ѓорѓиевска на средба со учесниците на националниот MOS натпревар

Денеска во просториите на Општина Куманово претседателката на Совет
на Општината одржа средба со професор Марјан Спасиќ од ОСТУ “Наце
Буѓони”-Куманово и 7-те ученици-учесници на националниот MOS
натпревар, кој се одржа во Скопје минатиот месец. Ученичката Нина
Додиќ од ОСТУ “Наце Буѓони” го освои првото место на натпреварот, со
што се стекна со право на учество на Светскиот Microsoft Office Specialist
натпревар, кој ќе се одржи од 24.07. до 27.07.2022 година во Анахем, САД.
Општина Куманово даде поддршка за тестирање по Microsoft Office
Specialist апликации за ученици од општински основни и средни училишта,
продолжувајќи да ги поддржува нивните понатамошни успеси и учества
на натпревари.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст