Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИ ПАНОА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КУМАНОВО

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РСМ“ бр. 5/02), а во врска со член 67 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и Програмата за поставување на урбана опрема (РЕКЛАМИ) на територијата на град Куманово донесена од Советот на Општина Куманово („Сл.гласник на Општина Куманово” 6/19) Градоначалникот на Општина Куманово, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА

РЕКЛАМНИ ПАНОА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КУМАНОВО

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС

1.1 Предмет на јавниот оглас оглас е доделување на Пакетот со локации за поставување на  рекламни паноа на територијата на град Куманово, по пат на јавно усно наддавање – лицитација и издавање одобрение за нивно поставување.

1.2 Локациите и бројот на рекламните паноа се дефинирани согласно Програмата за поставување на урбана опрема (реклами) на територија на град Куманово за период од 10 години донесена од Советот на Општина Куманово („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 6/19) додека трае програмата.

1.3 Преметот на јавниот оглас е доделување на право за поставување на реклами паноа и реклами на бандери за улично осветлување, за што се издава одобрение за поставување и се склучува договор.

1.3.1 Дефинирање на локации за поставување на реклами паноа е прикажано во графички приказ „Новопроектирана ситуација/ Диспозиција на урбана опрема“ од техничка документација со бр. 0801/630/18 која ќе биде дадена по уплата на средства за учество.

Локациите се поделени во 4 (четири) пакета и секој пакет преставува посебен дел за секој од нив се доделува право за поставување на рекламни паноа.

Локациите за пставување на рекламните паноа се дефинирани со вкупен број од 44 локации плус 3 локации за потребите на Општина Куманово, прикажани во Табела 1.

Табела 1

Ред. Бр. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
Назив на билборд
Пакет 1 МЛ01 МЛ05 МЛ09 МЛ13 МЛ19 МЛ22 МЛ25 МЛ28 МЛ33 МЛ38 МЛ41
Пакет 2 МЛ02 МЛ06 МЛ10 МЛ14 МЛ17 МЛ23 МЛ26 МЛ29 МЛ34 МЛ37 МЛ42
Пакет 3 МЛ03 МЛ07 МЛ11 МЛ15 МЛ18 МЛ21 МЛ30 МЛ31 МЛ35 МЛ39 МЛ43
Пакет 4 МЛ04 МЛ08 МЛ12 МЛ16 МЛ20 МЛ24 МЛ27 МЛ32 МЛ36 МЛ40 МЛ44
Општина Куманово MЛО1 МЛО2 МЛО3

1.3.2 Дефинирање на локации за поставување на реклами на бандери за улично осветлување и определување на нивниот број.

Локациите за пставување на поставување на реклами на бандери за улично осветлување се дефинирани со вкупен број од 242 локации поделени во три пакети, прикажани во Табела 2.

Табела 2

Локациа ул. „3-та МУБ“ ул. „Октомвриска Револуција“ ул. „11-ти Октомври“ ул. „Гоце Делчев“ ул. „Доне Божинов“ ул. „Народна Револуција“ ул. „Иво Лола Рибар“ ул. „Моша Пијаде“ ул. „Илинденска“ Вкупно
Пакет 5 58 19 77
Пакет 6 51 27 2 80
Пакет 7 37 17 16 15 85

 

1.4 Секој понудувач може да учестува на јавното наддавање – лицитацја со давање понуда за еден, повеќе или сите пакети од предметот на јавниот оглас.

1.5 Јавниот оглас се смета за успешен и во случај ако на јавното наддавање учестува само еден понудувач.

1.6 Постапката за доделување на локации ја спроведува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Куманово, кој донесува решение за избор на најповолен понудувач врз основа на предлог од Комисијата.

  1. РОК ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИ ПАНОА

Доделувањето на локациите и Одобрението за нивно поставување се издава за период до важност на Програмата со можност за продолжување.

  1. ВРЕМЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Постапката за доделување на локации ќе се спорведе по пат на усно јавно надддавање – лицитација што ќе се одржи во Сала за состаноци на Општина Куманово на ден 26.03.2021 година, и тоа:

  • За пакетот со локации број 1 во 11:00 часот
  • За пакетот со локации број 2 во 11:30 часот
  • За пакетот со локации број 3 во 12:00 часот
  • За пакетот со локации број 4 во 12:30 часот
  • За пакетот со локации број 5 во 13:00 часот
  • За пакетот со локации број 6 во 13:30 часот
  • За пакетот со локации број 7 во 14:00 часот

Доколку претходното надавање се заврши порано од предвиденото може да се пристапки кон следен пакет на надавање.

  1. ЦЕНА

4.1. Почетна цена на пакетите со локации на усното јавно наддавање – лицитацијата се утврдува на износ од 176.000,00 денари за Пакет со локации број 1, 2, 3, 4 а за пакетите со локации број 5,6 и 7 на износ од 60.000 денари.

4.2. Учесниците во постапката на јавно наддавање што понудиле највисока годишна цена на предметот на јавниот оглас се должни да ја исплаќаат секоја година на 12 еднакви месечни рато сметано од денот на склучување на договорот.

4.3. Трошоците што се однесуваат на обврски кон државата, комунална такса, електрична енергија и останати тековно инвестициони обврски се на товар на најповолниот понудувач.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА УСНОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

5.1. Право на учество на јавниот оглас имаат домашни и странски правни и физички лица, како и група на понудувачи (конзорциум) под услови утврдени со јавниот оглас и кои ги имаат регулирано сите обврски односно немаат неплатени долгови спрема Општина Куманово, (за што потврда издава Сектор за финансиски прашања на Општина Куманово).

5.2. Право на учество на јавниот оглас немаат поврзани друштва кои се поврзуваат и кои воспоставуваат меѓусебни односи како: друштво коешто во друго друштво има учество, значајно учество, мнозинско учество или мнозинско право во одлучувањето или заемно учество како и зависно, владеачко друштво и друштва кои дејствуваат заеднички, а што веќе учествувале во јавното наддавање – лицитацијата и добиле еден од пакетите со локации.

5.3. Право на учество на усното јавно наддавање – лицитација имаат сите домашни и странски правни и физички лица, кои најдоцна до 15.03.2021 година до 12:00 часот ќе уплатат и ќе достават гарантен депозит до комисијата, како и докази дека ги исполнува условите за учество на јавното наддавање. Гарантниот депозит изнесува 10% од почетната цена утврдена за пекетот и треба да биде изразена во денари а се уплаќа на сметка наведена во документацијата за јавен оглас.

5.4. Сите заинтересирани субјекти можат да ја добијат пријавата за учество по електронски пат или да ја подигнат документацијата за јавниот оглас и да ги добијата сите потребни информации секој работен ден во Општина Куманово, со седиште на ул. „11-ти Октомври“ бб 1300 Куманово, Република Северна Македонија со уплата на надоместок од 1.500,00 денари на следната жиро сметка:

назив на примачот: Трезорска сметка
Банка на примач: НБРСМ
Жиросметка: 100000000063095
Буџетска сметка: 741014052563018
Приходна шифра и програма: 724125 00
Матичен број: 6007864
Даночен број: 4017005154159
Цел на дознака: Надомест за документација за оглас бр. 01/2021

5.6. На јавното наддавање – лицитацијата може да учестуваат само понудувачлите кои ја имаат подигнато документацијата и досавено пријава за јавниот оглас 01/2021 и што имаат уплатено гарантен депозит.

5.7. Комисијата за спорведување на постапката за доделување на локации во рок од 7 (седум) дена пред одржување на јавното наддавање – лицитација писмено (по електронска пошта) ги известува кандидатите што ги исполнуваат условите за учество на јавното наддвање.

  1. ПОСТАПКА И УСЛОВИ ЗА УСНО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

6.1. Секој учесник во усното јавно наддавање, може да учестува во наддавање за еден или повеќе пакети со локации доколку има доставено доказ за упатен гарантен депозит и доколку ги исполнува условите за учество во јавното наддавање.

6.2. Постапката за усно јавно наддавање ја отвора Комисијата со утврдување на положените гаратни депозити и индентивикација на учесниците во наддавањето (лична карта, пасош, писмено овластување односно полномошно заверено на нотар), што ги исполниле условите на учество во јавното наддавање.

6.3. Постапката за наддавање започнува на начин што прво се наддава за Пакетото со локации бр. 1 со понудување на минимално прво наддавање, при што наддавањето трае се додека не се постигне последна највисока цена, при што по завршувањето на наддавањето за еден пакет во определено време се продолжува со иста постапка за наддавање за другите пакети.

6.4. Наддавањето за пакетите со локации од точка 6.3. се врши со понудени минимални 5.000 денари повеќе од претходниот износ за определениот пакет со локации.

6.5. Еден понудувач нема право да учествува на јавно надавање доколку претходен пакет понудил најповолна конечна цена. Ова се однесува за Пакетите со локации со реден број 1, 2, 3 и 4.

6.6 Јавното наддавање се смета за завршено доколку по објавување на комисијата за последната постигната цена, и по третиот повик никој од кандидатите не понуди цена повисока за еден чекор од претходно понудената.

  1. ДОКУМЕНТАЦИЈА која треба да се приложи:
  • доказ за идентитет (лична карта или патна исправа) – за физички лица, односно извод од регистрација за правни лица;
  • уверение од надлежен суд дека не е под стечај во оригинал или заверена копија кај нотар и не постара од 6 месеца;
  • потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, оригинал или копија заверена кај нотар и не постара од 1 месец и
  • доказ за уплатениот износ-депозит за учество на огласот.

7.ПОСТАПКА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА УСНОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

7.1. Градоначалникот на Општина Куманово и најповолниот понудувач, склучуваат договор во кој покрај начинот на плаќање на постигнатата цена, посебно се утврдуваат правата и обврските на договорните страни.

7.2. Доколку најповолниот понудувач се откаже од склучувањето на договорот ќе му се реализира гарантниот депозит.

7.3. Комисијата по завршување на јавното наддавање, ќе го врати положениот депозит на оние учесници во наддавањето чии понуди не се прифатени, односно не ги исполнуваат условите да учестува во јавниот оглас. На понудувачите депозитот им се враќа во рок од 15 дена од денот на јавното наддавање.

7.4. Договорот со најповолниот понудувач се потпишува во рок од 15 дена по завршувањето на постапката за добивање на правото за поставување на билбордите.

7.5. На најповолните понудувачи гарантниот депозит се враќа во рок од 7 (седум) дена од денот на потпишување на договорот.

8.НАЧИН НА ДОСТАВА НА ПОНУДАТА

Понудата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои „не отворај” и бројот на огласот.

Во средината на ковертот да се назначи точната адреса – Комисија за водење на постапка за поставување на билборди и рекламни паноа на територијата на град Куманово.
Понудите се доставуваат во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на понудувачот. Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот – понудувачот. Ковертот треба да содржи два затворени коверта. Првиот внатрешен коверт ја содржи понудата со финансиската документација и носи ознака “понуда”, а вториот внатрешен коверт ја содржи техничката документација и носи ознака “документација” и точната адреса на понудувачот.
Во понудата треба да биде наведено:

  • точната адреса на испраќачот-понудувачот (податоци за контакт) и лице потписник;
  • понудена цена за добивање право за користење изразена во денари и
  • други понуди или поволности во интерес на Општината.

Некомплетната понуда нема да биде предмет на разгледување од Комисијата.
Рок на доставување на понудата е 15 (петнаесет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот на адреса ул.„11-ти Октомври” бб Куманово до 15.03.2021 до 12:00 часот на понудите на денот на јавното отворање.

На денот на отворањето на понудите треба да презентираат документи за идентитет и тоа:

  • заверено полномошно за претставници на правните лица;
  • лична карта за физички лица;
  • потврда за платен депозит.

Подетални информации заинтересираните лица можат да добијат на тел:

 

ОПШТИНА КУМАНОВО

Градоначалник

Максим Димитриевски

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст