Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)

 

ОПШТИНА КУМАНОВО ВО ПАРТНЕРСТВО СО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНДП) ОБЈАВУВА:

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.

Општина Куманово и проектот ReLOaD2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Куманово и со кои се опфатени следните приоритетни области:

 

  1. Заштита на животна средина
  • Развој и поддршка на иновативни проекти со еколошки активизам за зачувување и унапредување на животната околина како и подигнување на еколошката свест за превенција од загадување на воздухот и справување со дивите депонии.
  • Иновативни идеи за подобрување на локалната заедница во областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија како и иновaтивни проектни активности за заштита од загадување преку примена на конкретни еколошки мерки.

 

  1. Социјална кохезија и намалување на сиромаштија
  • Поддршка на проекти и активности за подобрување на вештините на невработените лица за вработување или самовработување преку иновативни идеи преку: доквалификација и преквалификација и нивно прилагодување спрема потребите на пазарот на труд како и други идеи и активонсти за поголема вработиливост.
  • Примена на нови иновативни идеи и методи во процесот на развивање и спроведување на социјални сервисни услуги заради зајакнување и олеснување на животот на старите лица, лицата со попречености, особено на децата со пречки во развојот како и жртви на семејно насилство.
  • Градење на родово перспективна заедница со цел подобрување на економската состојба на жените преку поддршка на проекти за: само-вработување во областа на земјоделството, менторство и преку поттикнување на женско претприемништво (особено кај жените од: руралните средини, од ранливите категории и жените од Ромската националност).
  • Проекти и активности за социјална инклузија на малцински етнички групи и ранливите категории на граѓани особено лица со попреченост и деца со потешкотии во развојот, со цел подобрување на квалитетот на нивниот живот низ примена на нови иновативни идеи за учење и унапредување на нивното ментално и физичко здравје, како и намалување на проблемите од врсничкото насилство и малолетнички бракови  во рамките на социјалната еднаквост.

 

  1. Туризам и Култура
  • Зaчувување, унапредување и заштита на културните споменици и знаменитости како и зајакнување и унапредување на културните вредности и навики на граѓаните на локално ниво низ нов социјален инклузивен пристап.
  • Примена на нови иновативни идеи во процесот на развој и унапредување на туризмот, особено на рурален и алтернативен туризам, преку искористување и промоција на културно-историското наследство, природните убавини и реткости за креирање на богата и разновидна туристичка понуда на локално ниво.
  1. Младински иницијативи
  • Проекти за поттикнување на младински активизам за решавање на проблемите на младите во локалните средини како инивно прилагодување спрема општествените состојби во државата и локалната заедница.
  • Подршка на проекти и активности за вработување и самовработување на млади лица.
  • Поттикнување на здрав живот и здрави навики кај младите преку спортски активности.
  • Иницијативи за поттикнување на меѓуетничка толеранција и мултикултурализам преку поттикнување на заеднички активности меѓу различни етнички групи.
  • Активности за спречување на врсничко насилство.
  • Активности кои поддржуваат млади во рурални средини.

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2  (до декември 2024). 

Општина Куманово и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до мај 2023.

ПОДОБНОСТ:

Учеството на овој јавен повик е отворено за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик (Анекс 10).

 

ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Јавниот повик ќе трае од 04.03.2022 (од 9:00 часот) до 01.04.2022 (до 15:00 часот) (до 15:00 часот). Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Куманово може да се обезбеди преку испраќање на барање на следната адреса: 11 Октомври б.б. – 1300 Куманово на е-меил: donka_opstinakumanovo@yahoo.com на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Куманово, улица: 11 Октомври б.б. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница https://kumanovo.gov.mk/)  како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).

Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Куманово на ден 07.03.2022 година, со почеток во 10:00ч во кружна сала (поранешен Комитет). Oбука за изготвување на предлог проекти ќе се одржи на 07.03.2022 (со почеток во 11:00ч) и 09.03.2022 (со почеток во 09:00ч) во кружна сала (поранешен Комитет). Менторските сесии ќе се одржат онлајн, на 18.03, 24.03, 29.03 и 30.03.2022 (вкупно 4 дена за целото времетраење на повикот).

Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата registry.mk@undp.org, со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 25.03.2022год, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:

Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три  (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

 

Општина Куманово

11 Октовври

Поштенски број:1300, Куманово

Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање”. Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (https://kumanovo.gov.mk/) и/или на општинската огласна табла.

https://drive.google.com/drive/folders/1egy4NdiaW0Qbi2t_GV1nbp9-aMsGIYt8?usp=sharing

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст