Јавна дебата како дел од проектот “Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија”
Денеска се одржа Јавна дебата во рамките на проектот “Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија”,финансиран од страна на Националниот фонд за демократија на САД. Дебата ја организира Здружение на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “Евротинк-Центар за европски стратегии”-Скопје. Главна цел на проектот е да допринесе кон подобрување на јавното мислење во врска со транспарентноста и отчетноста на полициската организација, преку зголемен степен на надзор и дијалог, со цел повисок степен на спроведување на политики, кои ја засегаат јавната безбедност. Беа презентирани клучни наоди од проектот за институционалните предизвици за имплементирање на одржливи политики,насочени кон подобрување на полицискиот интегритет. На дебатата присуствуваше претседателката на Совет на Општина Куманово.