Авиозапрашување со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци
На 22.07.2022 година (петок), во период од 05.00 часот до 08.00 часот, на територијата на Куманово ќе се изврши авиозапрашување со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.