Бадникова поворка
Денеска на Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ, околу двеста дечиња, кои учествуваа во Бадниковата поворка, остварија средба со претставници од општина Куманово. Беа пречекани од Градоначалникот на општината, Максим Димитриевски, која по Божиќната песна „Вечниот Бог“, испејана од страна на дечињата, им посака среќни Новогодишни и Божиќни празници. Во духот на Христовото раѓање, на дечињата им беа поделени и Божиќни пакетчиња.