Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Благодарница за Општина Куманово за финансиска поддршка на олимпискиот тим за учество на Меѓународна олимпијада по хемија

По повод одржаниот 54-ти Меѓународен натпревар по хемија ICHО-2022 во Кина, на кој ученичката Ања Спасовска од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово се закити со бронзен медал, денеска на Природно- математичкиот факултет-Скопје се одржа средба со учениците и сите оние кои беа вклучени во процесотна организација и реализација на активностите. Оваа средба е организирана од страна на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија. По тој повод на средбата присуствуваа секретарот на Општина Куманово Гелевски и раководителот на Сектор за образование Јовановиќ, согласно со доделената финансиска поддршка од локалната самоуправа на олимпискиот тим за учество на Меѓународната олимпијада.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст