Велигденска честитка од Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски
Честит Велигден на сите граѓани што денеска го празнуваат овој голем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Овој празник ги симболизира животот и надежта. Празник кој не зближува.
Почитувани сограѓани, од срце ви посакувам овие празнични денови да ги поминете заедно со најблиските во добро здравје, мир, благосостојба и радости во секој дом. Велигденското празнување и оваа година го одбележуваме во исклучително тешки и чувствителни времиња на пандемија. Затоа порачувам да бидеме одговорни, да празнуваме во кругот на семејството, со што ќе го сочуваме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.
Со силна вера, мудрост и сплотеност ќе ги надминеме овие препреки за да можеме заеднички и во добро здравје да празнуваме уште многу велигденски чествувања во иднина.
Христос воскресе, за многу години Велигден!