Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во рамки на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите јадра“ претставник од Општина Куманово беше во посета на Општина Beaulieu les Loches – Франција

Во рамки на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите јадра“ на градови од Албанија и РС Македонија, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Франција, се оствари студиска посета на Општината Beaulieu les Loches, каде претставникот на Општина Куманово, Раководителот на Секторот за урбанизам Емилија Сларидис Јаневска се сретна со г-ѓа Софије Метадиер, градоначалник на Општина Beaulieu и поранешна пратеничка, по професија урбанист – архитект. При посетата нашиот претставник се сретна и со Секретарот на Општината Beaulieu les Loches како и со стручни лица вработени во Општината задолжени за заштита на културното наследство и урбанистичкото планирање.

При посетата беа споделени идеи и искуства во областа на заштитата на културното наследство и сигналитика, односно одбележување на објектите кои претставуваат културно наследство, како и во областа на урбанистичкото планирање, односно креирање на одржливо урбано планирање преку кои објектите од културно наследство ќе придонесат за дополнителна вредност како на самиот план така и на развојот на туризмот во градот.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст