Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Втор роденден на “Europe House”- Крива Паланка

На покана на регионалниот центар на Североисточен плански регион “Europe House” – Крива Паланка по повод одбележувањето на вториот роденден, делегација од Општина Куманово предводена од претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, службеникот за млади Мартин Крстиќ и директорот на Фондацијата за култура и спорт – Куманово, Марио Арангеловски, присуствуваа на филмската проекција на “Сестри” – остварување на Дина Дума и официјалното отворање на Европската филмска недела.
Во филмот се разработени актуелни теми од секојдневието на младите луѓе.
Претседателката на Советот на Општината оствари неофицијална средба со заменик на Евроамбасадорот, Џулијан Васало, на која стана збор за можноста на отворање на Europe House во Куманово, со што би се создале услови за соработка на повисоко ниво со младите од нашиот град.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст