Годишен концерт на КУД „Српски Вез“
Градоначалникот Максим Димитриевски вечерва присуствуваше на годишниот концерт на „КУД Српски Вез“, кој се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ годинава одбележува 6 години постоење, а на целовечерниот концерт нивни гости беа СКУД „Просвјета“ од Вуковар Република Хрватска и КУД „Симонида“.
„Српски Вез“ е културно уметничко друштво кое ја претставува српската култура и традиција во Македонија.