Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Гости од младинскиот центар при Општина Добрич, Бугарија во посета на Општина Куманово

Денеска во посета на Општина Куманово беа гости од младинскиот центар при Општина Добрич, Бугарија. Општинскиот Младински центар Мулти Култи во соработка со Младински центар Добрич се учесници во нивната прва интернационална размена. На средбата заедно со службеникот за млади и младински политики Мартин Крстиќ дискутираа за проекти и активности значајни за младите лица, за младинското учество и младинските политики.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст