Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски во посета на Отворените денови во училиштата „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ во рамки на проектот „Учи паметно, работи стручно“

Во рамки на кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ која ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка од Швајцарската амбасада, денес беа организирани отворени денови во училиштата „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ на кои учениците кои завршуваат основно образование можеа да се запознаат со стручните профили на училиштата и со предностите кои ги нуди дуалното образование. Беа поставени и штандови од повеќе компании од градот кои ја претставија својата дејност и своите производи и услуги.

На настанот се обрати Градоначалникот Максим Димитриевски, Директорката на ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука “Киро Бурназ”- Куманово Весна Трајковска и Директорката на  СОУ „Перо Наков“  Куманово  Мила Жибак Димковска.



Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст