Градоначалникот Димитриевски со награда за општествено одговорен градоначалник
Промотивната кампања “Да бидеме општествено одговорни и слободни” е самостојна иницијатива на On line PR aгенција за односи со јавност “Биди своја”, реализирана во период септември 2020-2021 година, има за цел да поттикне, промовира и иницира општествено одговорни активности кај сите активни чинители во сите сегменти во општеството. Се спроведува на национално ниво и во самата кампања учествуваат сите структури: многубројни компании од нашата држава, граѓански активисти, афирмирани претставници на културата и граѓански здруженија. Во рамките на кампањата на “Биди своја”, денеска на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски му беше врачена награда за општествено одговорен градоначалник на локално ниво од страна на Оливера Трајковска, основач на “Биди своја”. Наградата се должи на јавното мислење, добиено врз основа на 4-месечното спроведено истражување. Согласно добиените искази од испитаниците се потврдува фактот дека градоначалникот Димитриевски е транспарентен, доследен на својата функција и има непристрасен пристап кон сите граѓани на Општина Куманово. Неговиот посветен труд и работа во градењето на квалитетни односи со јавноста, кои го создаваат ликот на секоја институција, со цел навремено информирање за сите активности,се значајни за успешно секојдневие на граѓаните.