Дваесет и четврта и дваесет и петта седница на Советот на Општина Куманово
На 13 март 2019 година (среда), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи дваесет и четвртата седница на Советот на Општина Куманово.
Дневен ред
- Усвојување на записникот од Дваесет и втората седница на Советот на Општина Куманово
- Годишен извештај за 2018 година на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
- Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2018 година;
- Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2018 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2018 – 31.12.2018 година;
- Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2018 година;
- Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2018 година;
- Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2018 година;
- Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2018 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2019 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
- Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ Куманово за 2019 година;
- Предлог – Одлука за утврдување цена на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад во рурални средини – селата во Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на местата на кои можат да се истакнуваат изборни плакати;
- Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2018 година;
- Годишен извештај на Општина Куманово за 2018 година;
- Предлог – Одлука за одобрување на користење на средства за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на Општина Куманово и единки корисници од областа на образование, социјална заштита и култура;
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на Општина Куманово и единки корисници од областа на образованието до 30.09.2018 година;
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2019 година.
Дваесет и петтата седница на Советот на Општина Куманово ќе се одржи на 14 март 2019 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, со единствена точка на дневен ред – Советнички прашања.