Дводневна работилница на тема: „Промоција на локалната демократија и намалување на радикализација на локално ниво преку стории на животот
Градоначалникот Максим Димитриевски денеска учествуваше на работилница со наслов „Промоција на локалната демократија и намалување на радикализацијата на локално ниво преку стории на животот„ која се одржа во Куманово. Настаон е во организација на Институтот за Демократија и Развој во соработка со амбасадата на Соединети Американски Држави. На работилницата се обратија меѓународни панелисти од областа на превенција и соочувње со насилен екстремизам од Хашкиот центар за анти-тероризам, како и експерти од земјава.
За време на работилницата се прикажаа и резултатите од истражувањата во рамки на оваа програма на темата „Соочување со радикализацијата преку стории на животот во Северна Македонија кои се произлезени и обработени од интервјуата реализирани од страна на експертите на програмата. Исто така присутните на работилницата имаа можност да проследат видео – матерјал за стории на животот на оваа проблематика, снимени последните две години.
На првиот ден од работилницата (26 август, понеделник)учествуваа претставници на локалната власт, Владата,верските заедници, меѓународните мисии, како и експерти, додека за утре (27 август, вторник) е предвидено присуство на млади, претставници на цивилно општество, истаржувачи, експерти, претставници на образовниот сектор и директори на училишта.