Делегација од Општина Куманово во посета на Општина Никшиќ по повод празникот на градот
Делегација од Општина Куманово предводена од Градоначалникот Димитриевски по повод 18 септември Ден на градот Никшиќ беше во посета на нашата збратимена Општина Никшиќ во Црна Гора.
Општина Куманово и Општина Никшиќ се збратимени општини со Спогодба за збратимување од 11.11.2013 година, традиционално негувајќи ги добрите односи и соработка која ќе продолжи и во иднина.
Градоначалникот Димитриевски му упати честитки за изборот на новоизбраниот Претседник на Општина Никшиќ Марко Ковачевиќ, при што разменија искуства и идеи за понатамошна соработка на повеќе полиња.
Денот на Градот Никшиќ беше одбележан со богата културно уметничка програма.