Димитриевски на свечен прием со збратимени градови
По повод одбележување на Денот на ослободување на Куманово, денеска во просториите на Општина Куманово градоначалникот Димитриевски се сретна со претставниците на збратимени градови од Нови Сад, Р.Србија, Бијелина, Р.Српска- Босна и Херцеговина, Беране, Црна Гора. На свечениот прием беа разменети пригодни подароци. Нивната посета на Куманово се должи на долгогодишното пријателство и плодната соработка, како и присуството на свеченоста по повод 11 Ноември.