Димитриевски на средба со претставници на Градски театар “Јоза Ивакиќ”-Винковци, Р Хрватска
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со директорот на Градски театар “Јоза Ивакиќ”-Винковци, Р Хрватска, Зденко Речиќ и актерската екипа. Повод за нивната посета на Куманово е Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија”. Тие ја имаат честа да го отворат 25-тото издание на Фестивалот со претставата “Приватни животи”. Режисер на оваа претстава е Хрвоје Корбар, а актерската екипа ја сочинуваат: Владимир Андриќ, Катарина Бабан, Мартина Стјепановиќ Метер и Ведран Дакиќ.