Димитриевски на средба со претставници од Институтот за педагогија при УКИМ – Скопје
Во знак на благодарност и почит до Општина Куманово за укажаната поддршка на Меѓународна научна конференција на тема “Воспитно – образовни предизвици и перспективи” со која е одбележан јубилејот 75 години од Институтот за педагогија, градоначалникот Максим Димитриевски беше домаќин на претставници од оваа високо образовна институција, проф.др Наташа Ангелоска Галевска, претседателка на програмскиот одбор на Конференцијата и Елизабета Томевска Илиевска, раководителка на Институтот за педагогија.
На Меѓународната научна конференција, одржана во Охрид (16-18 мај 2022 година), учествувале преку 200 професори, академици и научни работници од 21 држава, кои дале свој придонес со публикација на трудови во Зборникот, во издание на “Арс ламина” и Институтот за педагогија при Филозофскиот Факултет – УКИМ во Скопје.
На средбата беше потенцирана улогата на оваа високо образовна институција во создавањето на квалитетни кадри, кои биле и ќе бидат творци на педагошкиот развој во нашата земја.