Дневен ред на шеснаесетта седница на Совет на Општина Куманово
На 20 декември 2022 година (вторник) со почеток во 10:00 часот, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации ќе се одржи шеснаесетата седница на Советот на Општина Куманово со следниот
Дневен ред
- Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2023 година;
- Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2023 година;
- Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2023 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
- Информација во врска со барањето на Месна заедница на с. Романовце за преземање на водоводниот систем на с. Романовце од страна на ЈП „Водовод“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2023 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;
- Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат меѓу крак на ул. „11-ти Октомври“,ул. „11-ти Октомври“, ул. „3-та МУБ“, ул. „ЈНА“ и ул. „Новопланирана 1“– Општина Куманово ;
- Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2023 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за изменување и дополнување на Ценовникот на услуги на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
- Годишна програма на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година;
- Предлог – Програма за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен градски и меѓуградски превоз за 2023 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно образование за 2023 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средно образование за 2023 година;
- Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари (електронски уреди – таблети) – сопственост на Општина Куманово на 16 општински основни училишта;
- Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2023 година;
- План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Куманово за период 2022 – 2026;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движнa ствар – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Водовод“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година.