Дневен ред на шестата седница на Совет на Општина Куманово
На 11 март 2022 година (петок) со почеток во 10:00 часот, во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, ќе се одржи шестата седница на Советот на
Општина Куманово по следниот
Дневен ред
- Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
- Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2021 година;
- Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2021 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на Ценовник за користење на услугите на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
- Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2021 – 31.12.2021 година;
- Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2021 година;
- Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2021 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.10.2021 – 31.12.2021 година;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2021 година;
- Извештај за реализација на Годишна програма на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2021 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2022 година;
- Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
- Годишен извештај на Општина Куманово за 2021 година;
- Буџетски календар;
- Извештај за извршениот годишен попис во Општина Куманово со состојба на 31.12.2021 година;
- Предлог – Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за отпис на парични побарувања од сметката на Буџетот на Општина Куманово;
- Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за авто-такси превоз на патници во Општината Куманово;
- Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Куманово;
- Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност и овластување на Градоначалник на Општина Куманово за потпишување на документација по проект „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ согласно договор за заем од Европска инвестициона банка;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за донесување на техничка исправка за ГП 2.24 и 2.28 во ДУП за дел од УЕ „Проевце“, УБ 23А – Општина Куманово.