Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Доделени потврди за учество на лица ангажирани на проектот „Локална мрежа на услуги “, дел од Програмата Општинско -корисна работа 2021/2022 година

Раководителот на Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово денеска додели потврди за учество на лицата, кои беа ангажирани на проектот „Локална мрежа на услуги“, дел од Програмата Општинско корисна работа 2021/2022 година и им се заблагодари за нивниот вложен труд за реализација на проектните активности. Проектот беше спроведен во период од 01.09.2021 година до 30.06.2022 година, преку кој беа ангажирани образовни асистенти на ученици со попреченост во општинските средни училишта и лица за информирање и упатување на граѓаните заради остварување на правата од областа на социјална заштита.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст