Доделено е противпожарно возило на Општина Куманово
На денешниот настан под слоганот “Цивилна заштита помеѓу институциите и граѓаните” организиран на отворено во Скопје, пред спортскиот комплекс Борис Трајквовски, присуствуваа секретарот на Општина Куманово,командирот на ТППЕ и претставници на општинската администрација, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување.
На повеќе општини им беа доделени противпожарни возила заради оперативно делување при гаснење на големи пожари на целата територија на РС Македонија.