Државна изложба на расни кучиња во убавина
Овој викенд се одржаа две изложби на расни кучиња во убавина, на спортските игралишта на кејот во Куманово, во организација на кинолошкото друштво “Кинолог” од Куманово, под покровителство на Градоначалникот на Општина Куманово и Советот на Општината. На манифестацијата учествуваа излагачи на кучиња од седум држави, Србија, Бугарија, Косово, Романија, Чешка, Франција и Македонија.
Официјални судии на Изложбата се од Србија и земјата домаќин, Македонија.
Во име на Општина Куманово на Изложбата присуствуваше секретарот Александар Гелевски.
Ваков настан се организира еднаш годишно, годинава се одржува 8-ма и 9-та изложба по ред.