Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Енергијата помага да се зајакне економијата – Еразмус+ проект во ДСУ РЦСОО “Киро Бурназ” – Куманово

Во пригодна атмосфера беа примени учесниците на проектот Еразмус+ во Општина Куманово, од страна на претседателката на Советот на Општината и раководителот на Секторот за образование. Домаќини на проектот се ученици и наставници од ДСУ РЦСОО Киро Бурназ – Куманово, кои примија претставници од средните училишта од Италија, Полска, Турција и Португалија. Активностите кои се спроведуваат во текот на седумдневниот период имаат цел да обезбедат учесници со повисок степен на знаење, експертиза во европската перспектива на одржливи извори на енергија (сончева енергија, хидроенергија, енергија од ветер, геотермална моќ и биогорива). Приоритет на Еразмус+ проектот е имплементирање на еколошки начини на решавање на енергетски кризи во редовниот наставен процес.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст