Започна меѓународниот културен настан “Балкан Фест”- Куманово 2022
Во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”, започна дводневната меѓународна манифестација “Балкан Фест”- Куманово 2022, на која учествуваат држави од регионот.
На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација и советници од советот на општина Куманово. Главен организатор и домаќин на фестивалот е КУД “Бајрам Шабани” – Куманово со поддршка од Општината и Министерството за култура.
На сцената ќе настапат културно- уметнички ансамбли од повеќе Балкански земји:
– “Соко” – Србија
– “Ѓурѓевданско коло” – Црна Гора
– “Лилјан”- Босна и Херцеговина,аста
– “Kastriotet”, ” Agimi”, “Gjilani” – Косово,
– “Mati” и Народен ансамбал за песни и игри – Албанија,
– “Pasa Halk Danslari Toplulugu” -Турција,
– “Џељадин Зеќири”- Македонија.