Здружението на граѓани “Коледари”- Куманово традиционално го одбележаа Бадник
По повод Бадник, предвесникот на Христовотораѓање, ден кој го слават православните христијани, Здружението на граѓани “Коледари”–Куманово организираше бадников собир, како традиционална 23-та прослава на Бадник во Куманово. Бадниковата поворка го посети и соборниот храм “Св.Никола”, од каде се упатија на градскиот плоштад пред Центарот за култура.Беа поделени бадникови гранчиња, овошје, топол чај и ракија за присутните. На овој празничен настан присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Советот на Општината.