Здружение на пензионери со акција за чистење
Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска се сретна со членовите на Здружение на пензионери Куманово, кои преземаа акција за чистење на отпадоци во градскиот парк во градов. Акцијата ја спроведоа со ЈП “Чистота и зеленило”, кое им ја обезбеди потребната опрема и алат, како и Здружение за доброволна волонтерска работа “Кумановски акцијаши”. Градоначалникот Димитриевски ја поздрави оваа акција на пензионерите, при што апелираше до граѓаните, со заеднички сили да ја чуваме и одржуваме чиста животната околина.