Избран сувенир на Општина Куманово за 2022 година
Комисијата за избор на сувенир на Општина Куманово традиционално ја избра креативната рачна изработка на Јелена Спасовски со мотив “Пафта – украс од женски колан”, за Сувенир на 2022 година.
На претходно објавениот конкурс учествуваа тројца автори со свои дела, кои понудија креативни решенија со мотиви од културно – историска ризница која е обележје на нашиот крај.
Денеска градоначалникот на Општина Куманово потпиша Договор со Јелена Спасовски, автор на избраниот сувенир кој ќе биде користен во промотивни цели на градот и прилагоден за масовна изработка.