Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување од одржан дваесет и осми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 12.04.2020 година (недела)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Бараме од Министерство за труд и социјална политика да се вклучат во  обезбедување на социјални пакети со средства за дезинфекција и прехрамбени производи засите социјално најзагрозени семејства на територија на Општина Куманово.
  • До ОШЗС да стапи во контакт со сите претседататели на Месни и Урбани заедници за да достават список на најзагрозени семејства од нивните месни заедници. Истите да ги достават до ОШЗС во најкус можен рок за да може да се дистрибуираат социјалните пакети на најзагрозените социјални случаи.
  • Апел до граѓаните да не се користат детските катчиња коишто се затворени по одлука на ОШЗС, и да не се собираат во групи повеќе од двајца, во спротивно МВР ќе постапува со казнување, согласно Закон и одлуки на Влада на РСМ.
  • Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово.

Општина Куманово

                   Градоначалник, 

                                                                                                      Максим Димитриевски

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст