Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан осумдесет и втори состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 17.06.2021 година (четврток)

 

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

 

  • Апел до угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) да ги почитуваат мерките донесени од Влада на РСМ односно, дека можат да ја организираат работата во отворениот дел од угостителскиот објект, односно на терасите, како и да организираат свадби до 1000 лица и искористување на просторот до 50% со присуство на музичари;
  • Апел до сите граѓани за носење лична заштитна опрема во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст