ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан петнаесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 30.03.2020 година (понеделник)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
– Препорака до сите јавни институции – Банки, Пошта при исплата на
пензиите и други услуги кон клиентите и сите даватели на јавни
услуги на граѓаните да воведат ред во самите институции и надвор
од нив, согласно препораките на Владата на Република Северна
Македонија за држење на растојание помеѓу граѓаните на најмалку 2
метри.