ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан седумдесет и петти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 27.04.2021 година (вторник)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот претставниците од институциите дадоа информации за работата во време на COVID состојбата и беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака до сите верски заедници на територија на Општина Куманово да при извршување на верските церемонии и групирање на граѓани во верските објекти се почитуваат препораките: носење на заштитна опрема, држење на дистанца од 2 метри, задолжително користење на средства за дезинфекција и мерење на температура на сите лица кои влегуваат во објектите.
Апел до сите граѓани во пресрет на претстојните празници да ги почитуваат мерките, односно да нема групирање на јавни прометни површини и зелени паркови, како и на други локации во градот и да ги почитуваат сите мерки и препораки од Влада на Република Северна Македонија.