ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан седумдесет и седми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 11.05.2021 година (вторник)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
Поради зголемен интерес за масовна вакцинација во регионалниот
центар во општина Куманово, бараме од Министерството за здравство
да обезбеди дополнителни количини на вакцини за поголема
имунизација на населението;
Апелираме до СВР Куманово да го зголеми присуството на полициски
патроли во централното градско подрачје, од причина што е
забележано недоволно почитување на мерките ( неносење на заштитни
маски );
Aпелираме до граѓаните, како и до сопствениците на угостителски
објекти и маркети да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата
на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м,
како и да се намалат семејните собири во затворен простор и собири на
млади луѓе во поголеми групи.