ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан седумнаесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 01.04.2020 година (среда)
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на
Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на
активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На
состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
– Бараме од Влада на Република Северна Македонија да прогласи
кризна состојба во Општина Кумановои да воведе посебен
контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни
пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за
управување со кризи и спречување на несакано ширење на
епидемија вон и кон градот;
– Согласно член 19 став 1 подстав 2 од Закон за домување („Службен
Весник на Република Македонија“ бр.99/09, 57/10, 36/11, 54/11,
13/12, 55/13, 163/13, 42/14, 199/14, 146/15, 31/16 и 64/18), каде е
наведено дека управителот има право и обврска да се грижи за
редовно одржување и функционирање на заедничките делови, од
Општински штаб за заштита и спасување бараме во целост да се
испочитуваат законските регулативи, особено вршење на
дезинфекција, од страна на управителите на станбените згради на
територија на општината.