Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четиринаесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 29.03.2020 година (недела)

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово;
  • Бараме од Институт за Јавно Здравје навремена информација за сите извршени тестови на територија на општината и отворање на нови пунктови за тестирање со цел да се тестираат поголем број на граѓани;
  • Се препорачува на сите матични лекари и здравствени установи на територија на Општина Куманово, да ги почитуваат препораките од Министерство за здравство по однос на борбата за справување со вирусот COVID-19 и воедно бараме од Министерството за здравство да изврши контрола на работењето на матичните лекари поради голем број на поплаки коишто доаѓаат до ОШЗС од страна на пациенти за пасивност на одредени матични лекари и амбуланти, како и заради намалување на непотребни пријави до Центар за јавно здравје.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст