Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување од Сектор за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Куманово

Комуналните редари од Секторот за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Куманово во месеците јули и август (заклучно со 08.08.2022год.), врз основа на член 14 и член 14-а од Законот за јавна чистота, извршија 137 увиди на лице место кај физички лица и издадени се вкупно 72 опомени и 11 глоби на физички лица.

Согласно Член 14 од Законот за јавна чистота:

Заради обезбедување на јавна чистота на јавните површини е забрането:

-фрлање и оставање на хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на местата определени за таа намена

-оставање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности покрај садовите за собирање на смет, освен на места определени од Општината

-оставање на фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, живина и птици во садови за отпад, освен за места определени за таа намена

-колење на кокошки и друга живина и животни

-испуштање на отпадни води и други течности од дворните места и објекти

-истурање или испуштање на течности во садови за отпад, на улици, во канали, реки и езера

-сечење, складирање, цепење на дрва, јаглен и слично, освен за места определени за таа намена

-оставање на запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки

-чување и напасување на крупен добиток и живина

-продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи, освен за места определени за таа намена

-поставување на урбана опрема и други подвижни и неподвижни предмети

-мешање на бетон, малтер, освен на места кои ќе ги определи Општината

-растурање на сметот од вреќи, контејнери и други видови садови за собирање смет

-фрлање, односно оставање на смет до контејнер и други видови на садови за собирање на смет

-фрлање смет од кој било кат на станбена зграда или куќа, во двор

-поставување на контејнери и други видови садови за собирање смет надвор од определени места за нивно поставување, согласно со нивната намена

-плукање или чистење на нос со дување на јавни површини

-лепење на плакати на било кое јавно место, освен за места определени за таа намена и

-вршење на физиолошки потреби.

Согласно Член 14-а од Законот за јавна чистота:

Заради обезбедување на јавна чистота на јавни површини е забрането:

-фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут)

-палење, закопување и уништување на смет

-превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубре, отпад или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец

-вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стоваришта или градилишта со валкани тркала

-поправање, сервисирање на возила и вршење на разни занаетчиски работи

-палење и уништување на садовите за собирање смет и

-уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта).

 

Заради обезбедување на јавна чистота на неизградено градежно земјиште сопственост на физички и правни лица во централното подрачје на Општината, Општините во градот Скопје и градот Скопје забрането е:

-фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут), оставање на хартија, опушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци

-оставање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности

-палење, закопување и уништување на смет

-оставање на фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, живина и птици

-колење на кокошки и друга живина и животни

-сечење, складирање, цепење на дрва, јаглен и слично

-оставање на запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки, нерегистрирани, хаварисани возила, приколки и камп приколки

-чување и напасување на крупен добиток и живина

-продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи

-поправање, сервисирање на возила и вршење на разни занаетчиски работи

-растурање на сметот од вреќи, контејнери и други видови садови за собирање смет

-фрлање смет од кој било кат од станбена зграда или куќа

-плукање или чистење на нос со дување и

-вршење на физиолошки потреби.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст